Со голем ентузијазам и јасна визија го основавме Едукативниот центар „Е-НET“ во 2007 година.
Нашата визија беше да го подобриме и надополниме образовниот систем надвор од училиштето и преку нашите идеи и новитети да ги подигнеме стандардите на приватните едукативни центри на повисоко ниво. Во процесот на изучување на компјутери и странски јазици воведовме мултимедијална настава, работа во мали групи роти тенденцијата на останатите училишта да работат во големи групи, без разлика на намалениот квалитет на наставата кој доаѓа со истото), изработка на самостојни и групни проекти на слушателите, воведовме најсовремен методи за изучување на ИТ вештини и странски јазици, ставајќи посебен акцент врз практичната употреба на изученото и оспособување на слушателите без пречки да го употребат знаењето со кое се стекнале, нешто што веќе доволно време остануваше занемарено.

Нашата визија ја спроведуваат на дело нашиот стручен и искусен предавачки кадар составен од дипломирани професори кои својата професионалност ја манифестираат со чувство и умешност да се прилагодат кон потребите на слушателите, да ги кројат програмите според слушателите а не слушателите според програмите како што досега беше пракса. Преку постојано истражување на најновите достигнувања во процесот на изучување на ИТ вештини и странските јазици остануваме секогаш во тек со најновите трендови и предизвици, наоѓајќи соодветни начини да ги примениме најновите техники и советите од експертите во овие полиња.

Разните попусти, пристапните цени и бесплатните проектни активности придонесуваат во зголемување и олеснување на пристапот кон квалитетно дообразување на секој слушател. Со нашите основни, специјализирани (за компјутерски преинсталации, компјутерски мрежи, бизнис англиски, разговорен англиски, подготовка за полагање на меѓунардно признаените сертификати) и интензивни курсеви им излегуваме во пресрет на различните потреби на како на поединечни слушатели така и на правните субјекти со потреба од поединечни или колективни обуки.

Постојаната комуникација со родителите, за напредокот на нивното дете, е пракса уште од нашите почетоци и го зголемува нивното активно учество во образовниот процес. Организирањето на квизови, забави, претстави, натпревари и екскурзии е еден од најдобрите начини за практично применување на стекнатите знаења и се разбира добар момент за убаво другарување и забавување.

Сето ова затоа што знаеме дека само на овој начин и преку овие методи ќе можеме да ја исполниме нашата мисија а со тоа и довербата во Нас да продолжи да расте. Денес со гордост можеме да кажеме дека својата доверба ни ја даваат стотици слушатели и нашето семејство се повеќе се шири.

На два клика до вас! На нашата веб страна и преку фејсбук страницата на нашето училиште ве информираме за најновите случувања и новитети. Посетувајте ја редовно нашата страница и станете ни пријател на Фејсбук.

Бидете и вие дел од големото среќно семејство на компјутерџии и лингвисти.

Повелете во Е-Нет!!!!

Leave a Comment