E-NET

Нашиот национален шампион кој ќе ја претставува нашата земја на глобалните натпревари Microsoft Office Specialist (MOS)

Поминаа долги две години во кои бевме приморани овој натпревар да го организираме онлајн. Токму пандемијата значително ја потенцираше потребата на дигитална писменост бидејќи сите бевме приморани да учиме и функционираме онлајн. Нашата цел беше иста од почетокот на овој проект, да го зголемиме бројот на млади кои поседуваат дигитални вештини и се способни да ги користат можностите во дигиталниот свет. Гледаме дека новите генерации на средношколци се мотивирани и спремни да вложуваат енергија во развој на своите дигитални вештини што го потврдија со глобално признат сертификат на натпреварот.Ова е најмасовен натпревар во светот со повеќе од 1 милион положени испити годишно, кој се организира во повеќе од 100 земји во светот.


Натпреварувачите, на возраст меѓу 13 и 22 години имаа можност да ги покажат своите вештини на: Националниот натпревар Microsoft Office Specialist (МOS) каде што ги покажаа своите вешти за Microsoft Office апликациите поточно за: Microsoft Word, Excel® и PowerPoint;

Оние кои ги положија испитите се стекнаа со глобално признаени сертификати кои беа доделени во просториите на Е-НЕТ.

Рангирани според највисоките резултати, денеска се натпреваруваа 22 учесници, меѓу кои е и нашата ученичка Нина Додиќ која  ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist.

Каде заедно со менторот ќе патуваат во јули во Анахајм Калифорнија, САД на светските натпревари каде што ќе ја претставуваат нашата земја.

               И посакуваме успех и победа на светскиот натпревар !